А кога ќе се најдеш меѓу нив и кога ќе извршуваш намаз со нив, една дружина од нив нека клања намаз со тебе, и нека го земе оружјето свое. Кога ќе паѓате на сеџде, тогаш, нека оние бидат зад вас, и нека дојде друга дружина која не извршила намаз и нека изврши заедно со тебе, и нека го земе оружјето и нека внимава зашто неверниците би сакале вие да не внимавате на оружјето ваше и на товарот ваш па да навалат врз вас во еден замав. Немате грев ако сте спречени од дожд, или ако сте болни, да го положите оружјето ваше, но, сепак, бидете внимателни! Аллах, навистина, на неверниците им подготви казна срамна!